Неколку информации за психотерапијата

Што овозможува психотерапијата?

Психотерапијата представува метода за поттикнување на натамошниот развој на потенцијалите на личноста, нејзино добро запознавање на себеси , проширување на нејзината свесност и постигнување на чувство на исполнетост и креативност . Како тераписки пристап кој овозможува решавање на секојдневните животни потешкотии на здравите личности, психотерапијата може да се примени во сите области на човековото живеење со што се овозможува полесно разрешување на одредени психолошки збиднувања во личноста и во односот со светот кој ја опкружува.


Поле на примена на психотерапијата

Полето на примена на психотерапијата почнува од проблеми како што се: агресивност, повлеченост, срамежливост, несигурност, зависност, осаменост, чувство на вина, недостаток на самодоверба, незадоволство од себе, нереални очекувања и барања, потешкотии во односот со спротивниот пол, љубовни проблеми, неадекватен успех на училиште, разни видови на нарушувања во однесувањето и навиките (напади на бес, ноќно мокрење и сл.) деликвентно однесување, психоневрози (депресии, фобии, разни присилни мисли и стравови).


Што ќе добиете со психотерапијата?

1. Ќе се намалат и исчезнат знаците на психички тегоби.
2. Ќе се зголеми вашата самостојност и увереност во своите сили.
3. Ќе ги откриете своите енергетски потенцијали и воодушевувањето кое се крие во вас.
4. Ќе ги откриете сите ваши способности , а оние кои ги имате ќе ги доведете до максимум.
5. Ќе се смени вашето однесување.
6. Ќе се најдете и запознаете себеси.
7. Одново ќе го доживеете чувството на себеси и радоста на живеењето.
8. Ќе живеете попотполно, овде и сега.
9. Ќе добиете можност да растете .
10. Ќе си овозможите да ги користите сите свои потенцијали за полно, ефикасно и среќно живеење.
11. Ќе си овозможите да станете послободна, посвесна, автентична и уравнотежена личност.
12. Ќе успеете да ја најдете поткрепата во себеси.
13. Промените ќе се одразат врз целата ваша личност и ќе бидат трајни.

psihodrama