ФУНКЦИЈА НА ГЕШТАЛТ ТЕРАПЕВТОТ
За правилен детски развој, мошне е битно детето да нема мешаници од чувства како што се тага, лутина, вина, кои се реакција на иста ситуација. Една од функциите на Гешталт терапевтот е со грижливо и поддржувачко присуство да му помогне на детето да гради појасни и почисти форми и емоции. Терапевтот ќе му помогне не детето, низ неговоти лично искуство да може правилно да го разбере она што му се случува и да се спарави со тоа.
ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОС
Децата често се чувствуваат осамени со своите проблеми и деканемаат со кого да разговараат за тоа. Терапевтот гради пријателски однос во тераписката ситуација, што на детето муго руши чувството на изолација. Тој пријателски однос го охрабрувадетето и му дава можност да научи да се справува со своите проблеми. Освен градењето на пријателски однос во тераписката ситуација, терапевтот покажува:
1. Вистинска заинтересираност за детето , за тоа што се случува во неговиот живот.
2. Му нуди поддршка, разбирање и одобрување.
Ова ќе овозможи детето да дојде до сознание дека некој вистински се грижи за него и го признава како реална личност , а не дека терапевтската ситуација е играње на улоги.
Во терапевтскиот процес, терапевтот ќе му помогне на детето да ги пронајде “вистинските зборови” кои ќе му помогнат подобро да го разбере сето она што му се случува. Ова ќе му овозможи на детето да се почувствува сфатено и добредојдено, дека има право да ги осознае и истражи сопствените чувства.
ДЕТСКАТА ФАНТАЗИЈА – ПАТ ДО ПРОМЕНИ
Друга значајна работа во Гешталт терапијата со деца е искористувањето на детската фантазија како алатка која ќе доведе до промени. Детската Фантазија е дел од нормалниот развој на детето и е негов единствен начин за справување со тешките ситуации. Приодот на Гешталт терапевтот кон фантазматскиот живот на детето е да ја сфати фантазијата сериозно, изразувајќи заинтересираност и често придружувајќи го детето во неговите фантазии . На ваков начин, детето ќе се почувствува афирмирано и придружувано , а терапевтот разбира како детето се справува со неговите ситуации преку фантазијата