Психодрама е форма на групна терапија каде што се користат акциони техники. Членовите на групата не седат цело време во круг и не дискутираат за нивните проблеми, туку животните ситуации на поединецот се одигруваат на сцената со помош на членовите на групата.  Процесот е богат,  жив и секогаш со себе носи среќа и болка, исто како и животот. Решенијата на проблемите се пронаоѓаат со помош на креативноста и спонтаноста на групата.

Како средство за изразување се користи говорниот јазик и јазикот на телото. Не постои драмски текст, туку се одигруваат настани од зивотот на човекот, онака како тој ги дозивува. Групниот лидер (терапевтот) се нарекува „директор на психодрамата“ (director, eng.) што значи продуцент, оној кој ја произведува психодрамата, затоа што психодрамата е драматска форма на терапија. Групата се одрзува во „психодрамски театар“ во кој нема публика, бидејќи секој член на групата е потенцијален протагонист како и потенцијален учесник во психодрамата.

Сценското одигрување, зборовите, движењата, предметите и реквизитите им овозмозува на протагонистот во драмата да го доврши она што не можел да го доврши во животот или пак не смеел или пак не знаел како. На тој начин луѓето на сцената откриваат што е она што ги ограничува, кои чувства и мисли, како слободно да се изразат во своето однесување. Човекот во психодрамата низ акција ја истражува не само својата историја туку и, што е највазно, психолошките доживувања како што се неизговорени мисли, средби со оние кои не се присутни или повеќе не постојат во реалноста, да ги портретира своите соништа, желби, фантазии, ги испитува алтернативите за иднината како и многу аспекти на феноменологијата на човечкото искуство.


Како се формираат психодраматски групи?

Групите во психодрамата се формираат од лица кои се блиски по години и проблемите кои ги дозивуваат. Групите можат да бидат тераписки и едукативни, искуствени. Во едукативните групи се обучуваат лекари, психолози, дефектолози, воспитувачи – сите оние кои се спремаат еден ден да бидат терапевти на другите луѓе. Тие поминуваат низ сопствените стравови, конфликти и отпори за време на работата во едукативната група.


Колку трае ?

Една психодрамска сеанса трае околу 3 часа. Групата се состанува еднаш неделно, а работи онолку колку што и е потребно да ги реши своите проблеми. Тоа време е обично помеѓу три и пет години. Врз онова на искуството стекнато во групата, поединецот одлучува на кои начини ќе ги решава сопствените проблеми. Со доаѓање во групата, секој член стекнува свест за взаемноста. Секој член на групата се обврзува на дискреција и добронамерност.

podrska