tim1

Кабинетот СЕГА И ОВДЕ постои 4 години како еминентен центар за услуги во областа на групна и индивидуална психотерапија, советување, психодијагностицирање и сега во 2008 год. како едукативен центар за Гешталт и Психодрама. Тимот на СЕГА И ОВДЕ е составен од Мирјана Јовановска – Стојановска, Весна Блажевска и Емилија Угриновска. Истовремено постои развиена соработка со други професионалци, асоцијации и институции од Македонија и интернационално.


Мирјана Јовановска – Стојановска

 

Дипл.психолог, лиценциран психотерапевт од Комората на психолози на Р.Македонија,  психодрама терапевт и  гешталт психотерапевт, Европски сертификат за психотерапија, сертифициран гешталт терапевт од EAGT,  сертифициран супервизор за психотерапија од Гешталт Институт, Лондон, супервизор во Гешталт Институт -Скопје, член на истражувачкиот комитет на FEPTO, главен тренер и супервизор во Амигадла, школата за психодрама психотерапија која е член ФЕПТО (Федерација на Европски Психодрама Тренинг Организации), член на УО на МПА


Емилија Угриновска

 

Дипломиран психолог и психотерапевт – Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје. 7 годишно работно искуство во ПЗУ Неуромедика Скопје како психолог и психотерапевт. Искуство од област на психометрика во Министерство за Образование на РМ. Членка на Македонската и Европската Гешталт Асоцијација.


Весна Блажевска

 

Дипломиран психолог – Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Дополнителна едукација низ различни семинари, конференции, работилници и тренинзи. Работно искуство во област на психодијагностика со најсовремени методолошки алатки.


 

Маргарита Николовска

Margarita

 

Дипломиран психолог и Психодрама психотерапевт, постдипломски студии на клиничка психологија и советување. Претседател е на “Амигдала” Скопје, каде ги води организациските и административните работи. Работи со група за личен раст и развој, индивидуални психотерапевтски третмани, психолошко советување и психодијагностика.


 

 

Контактирајте не